Барселона не ја одбрани шампионската титула во шпанската фудбалска Примера. По поразот од Осасуна (1:2) на „Камп Ноу“, лутиот ривал Реал Мадрид на едно коло пред крајот го крена шампионскиот пехар. Ова беше повод тренерот на Барселона, Кике Сетиен за прв пат да признае дека му се ниша клупата и лесно може да замине перед продолжението со обврските на тимот во Лигата на шампионите.
Барселона во продолжението од сезоната по принуданта пауза поради коронавирусот влезе со два бода предност пред Реал Мадрид, а засотанува седум зад Реал на едно коло до крајот. Во продолжението по тримесечната принудна пауза се погласни беаја најавите за смена на тренерот Сетиен, бидејќи екипата од коло во коло играше се послабо.
– Јас сум одговорен за ситуацијата во која се најде Барселона. Јас сум тренерот на овој тим. Се надевам дека ќе ја водам екипата во Лигата на шампионите ова лето, но не знам што ќе се случува во иднина. Се согласувам со критиките на Меси. Поразот од Осасуна беше незаслужен – изјави Сетиен.