Ширењето на новиот коронавирус во Бразил веќе не бележи експоненцијален раст, кривата се израмнува и тоа создава можност да се стави епидемијата под контрола.
Според Мајкл Рајан од СЗО, бројот на нови случаи е помеѓу 40.000 и 45.000 на ден.
– Вирусот не се дуплира како порано, така што растот не е експоненцијален…Но, апсолутно нема гаранции дека бројот на заразени ќе се намали сам од себе, нагласи Рајан.
– Сега постои можност за властите да преземат акции за спречување на ширењето на инфекциите.