„Тајм“ хакиран преку еден од сајтовите кои ги индексира

Сопственикот на Тајм.мк, Игор Трајковски на Твитер објасни како се случил нападот врз агрегаторот, односно двата напади кои резултираа со негово хакирање.

Нападот почнал нешто по 22:00 часот и во него постепено биле ангажирани над 35 милиони IP адреси кои генерирале илјадници кликови во секунда. Тој потоа додаде дека е сигурен оти самото преземање на сајтот, односно вториот дел од нападот е поврзано со некој од сајтовите што агрегаторот ги индексира.

 

Треба да знаете
Последни објави