Република Јужна Африка ги надмина Мексико и Чиле според бројот на потврдени случаи на заразени со коронавирус.
Според Министерството за здравство на Јужна Африка и американскиот универзитет „Џон Хопкинс”, Јужна Африка сега е шестата земја во светот според бројноста на заразени лица.
Од почетокот на пандемијата во оваа земја се регистрирани 324.221 лица со коронавирус, што е повеќе од половината од заразените на целиот африкански континент, пренесуваат американските медиуми.
Според Министерството за здравство, од почетокот на пандемијата се регистрирани 4.669 смртни случаи поврзани со коронавирус.
Епицентарот на вирусот е провинцијата Готенбург, која ги вклучува големите градови Јоханесбург и Преторија.
Во оваа провинција, каде што живее четвртина од вкупното население во ЈАР, од почетокот на пандемијата се регистрирани повеќе од 117. 000 случаи на коронавирус.