Kaко ќерката му го спасила животот на Роби Вилијамс

Таа е неговата светла точка која постојано го потсетува дека животот е вреден за живеење.

Ќерката на пејачот Роби Вилијамс и актерката Ајда Филд се вика Теодора Роуз Вилијамс и има 6 години.

Парот има уште еден постар син и една помала ќеркичка. Теодора го привлече вниманието на јавноста по најавата дека ќе се појави како деверица на свадбата на принцезата Еугенија.

Роби и неговата сопруга долги години се пријатели со принцезата Еугенија и нејзината сестра Беатрис, па токму оттаму и идејата малата Теодора да се појави на свадбата.

kako-kjerkata-mu-go-spasila-zhivotot-na-robi-vilijams-i-ushte-nekolku-fakti-za-nea-02.jpg

Во една пригода Роби ја нарече својата ќерка спасувач на живот, на неговиот живот. Тој открил дека се борел со сериозна зависност од дрога и алкохол и бил на мрачно место и не се грижел дали воопшто ќе продолжи да постои на планетава или не, но љубовта кон неговата ќерка му покажала дека животот всушност е убав.

Сфатил таа е прекрасна и дека таа е неговата причина за живот. Роби заклучи дека да се биде татко е најдобрата работа на светот…

kako-kjerkata-mu-go-spasila-zhivotot-na-robi-vilijams-i-ushte-nekolku-fakti-za-nea-03.jpg

Преземено од Crnobelo

Треба да знаете
Последни објави