Министерот за здравство Вили Берош денеска соопшти дека новата цена на ПЦР тестовите во Хрватска ќе биде околу 600 наместо претходните 1.506 куни.
Берош на прес-конференција рече дека новите цени може да се применат од денеска.
Тој појасни дека сите оние кои сакаат да бидат тестирани приватно ќе ја платат новата цена од „501,49 за две целни секвенци и 698,21 за три секвенци”.
На прашањето која е разликата помеѓу двата теста, директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје Крунослав Чапак рече дека тоа е тешко да се објасни.
„Потребни се најмалку две секвенци за да се дијагностицира позитивен тест. Кога ќе се дијагностицира вториот антиген, тогаш сме сигурни дека тоа е коронавирус, а кога е дијагностициран третиот, тогаш сме уште посигурни, рече Чапак.