На Германија и треба разумен соседски однос со Русија, но треба да биде подготвена да ги заштити своите национални интереси, доколку се покаже за потребно, изјави германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.
Во интервју за германскиот „Цајт онлајн” таа ја обвини Русија дека е „многу агресивна” во одбраната на своите интереси.
-Нам ни треба разумно соседство со Русија, рече Крамп Каренбауер, додавајќи дека во исто време Берлин треба да претстави „јасно дефинирана позиција” и да покаже дека е „подготвен да се одбрани во случај на сомнение”.