Руската компанија „Р-Фарм” договори производство во Русија на оксфордска вакцина против Ковид-19

Рускиот производител на лекови Р-Фарм потпиша договор со фармацевтската компанија АстраЗенека за производство на вакцина против Ковид 19, која ја развива овој британски фармацевтски и биотехнички гигант и Универзитетот во Оксфорд.

По обвинувањата од Велика Британија, Канада и САД дека руски хакери се обиделе да ја украдат вакцината за Ковид 19 и резултатите од истражувањето, директорот на одборот на руската компанија Р-фарма, Алексеј Репик, изјави дека овој договор покажува дека Москва нема потреба да украде ништо.

– Ние го официјализиравме овој план во форма на потпишани договори во областа на производство на вакцини и набавки што ги развиваат АстраЗенека и униоверзитетот Оксфорд и проектот ќе го спроведе Р-Фарм, нагласи тој.

Треба да знаете
Последни објави