Сопственикот на Тајм.мк, Игор Трајковски на Твитер објасни како се случил нападот врз агрегаторот, односно двата напади кои резултираа со негово хакирање.
Нападот почнал нешто по 22:00 часот и во него постепено биле ангажирани над 35 милиони IP адреси кои генерирале илјадници кликови во секунда. Тој потоа додаде дека е сигурен оти самото преземање на сајтот, односно вториот дел од нападот е поврзано со некој од сајтовите што агрегаторот ги индексира.
За вториот дел со сигурност тврдам дека е некој поврзан со некој од сајтовите кои ги индексираме, поради тоа што само така можат да ни ја дознаат ip адресата. Но да ни беше се направено според "Security 101", како што пишал напаѓачот, немаше да биде проблем. Ќе учиме во од.
3/3— Igor Trajkovski (@mkrobot) July 16, 2020
Една кратка изјава за што знаеме до сега.
Нешто после 22:00h започна DDOS напад на https://t.co/tCteO399I2, во кој постепено беа ангажирани над 35.000.000 ip адреси кои генерираа илјадници "кликови" во секунда. Имаше кратки прекини на работењето но претежно сајтот издржа. 1/3— Igor Trajkovski (@mkrobot) July 16, 2020
Тоа е прв дел кој немам докази дека е поврзан со вториот дел од нападот кој заврши со превземање на нашиот сервер. За жал, немавме најдобра заштита, наша грешка, која ја поправивме да не се повтори.
2/3— Igor Trajkovski (@mkrobot) July 16, 2020