Фудбалерите на Арсенал по рекорден 21. пат ќе играат во финалето на ФА Купот. Вечерва на „Вембли“ во првото полуфинале на најстарото фудбалско натпреварување успеаја да слават со 2:0 над Манчестер Сити и со тоа да ги елиминираат „граѓаните“ од можноста да го освојат трофејот втора година по ред.
Обамејанг ги постигна двата гола за „топчиите“ и донесе голема радост за навивачите на лондонскиот состав. Обамејанг погоди во 19. минута за водство од 1:0 по асистенција на Пепе, а победата ја потврди во 71. минута со гол по аистенција на бекот Тирни.
Интересно, за Арсенал ова ќе биде шанса за рекордна 14. титула во ФА Купот со што ќе направи резултат кој во наредните години ќе биде недостижен за големите ривали на „топчиите“. Во финалето, Арсенал за противник ќе го чека победникот од утрешниот меч меѓу Манчестер Ј. и Челзи.