Борусија продолжува да бара 120 милиони за Санчо

Борусија Дортмунд нема намера да го продаде својот напаѓач Џејден Санчо на Манчестер Јунајтед по намалена цена, и покрај кризата предизвикана од коронавирусот, пишува британскиот Би-Би-Си.

„Црвените ѓаволи” го одбележаа брзото крило како една од нивните главни цели за летниот преоден рок, но непријатните околности во последните месеци сериозно влијаеја на финансиските можности на клубот од „Олд Трафорд”.

Сепак, според публикацијата, Борусија сè уште бара над 120 милиони евра за Санчо. Покрај тоа, менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер сè уште не знае колку може да потроши во следниот трансфер прозорец и причините не се само во финансиските потешкотии што се појавија.

Тимот сè уште не обезбеди место во Лигата на шампионите и тоа исто така ќе има сериозно влијание врз буџетот, кој му е на располагање на норвешкиот стратег.

Треба да знаете
Последни објави