(Видео) Властите се сомневаат дека пожарот во катедралата во Нант бил подметнат, отворен истрага

Пожар што избувна рано утринава во катедралата од 15 век во Нант на западниот дел на Франција, зад себе остави урнати витражи и уништени оргули, а официјалните лица се сомневаат дека пожарот бил подметнат.

Обвинителот Пјер Сене изјави дека избувнале три пожари во катедралата Свети Петар и Павле и се третираат како кривично дело, пренесува Ројтерс.

Се проценува дека штетата не е толку голема како што се чинеше на почетокот.

Во моментов, пожарот е ставен под контрола.

Треба да знаете
Последни објави