Пред само неколку дена, Златан Ибрахимовиќ навести дека нема да остане во Милано, но сега се чини дека може да се премисли.
Неговиот договор истекува на крајот на првенството, а напаѓачот очигледно не е задоволен од раководството и начинот на управување со клубот.
Вчера, пак, Швеѓанецот беше награден по повод неговиот натпревар бр.100 за Милан, по што го изјави следново: „Се надевам дека ќе одиграм уште многу натпревари за Милан”.
Во неговата досегашна кариера, 38-годишниот Ибра има повеќе од 100 натпревари за Ајакс, Интер и Пари Сен Жермен. Ако тој вечерва излезе против Болоња, ќе го додаде Милан во оваа група.