Играчот од средниот ред на Челси, Нголо Канте нема да биде подготвен за судирот со Манчестер Јунајтед во полуфиналето на ФА Купот, како што се очекуваше на „Стемфорд Бриџ”.
Менаџерот на „сините” Франк Лампард призна дека Французинот не е целосно подготвен, по повредата во бутот, што го извади од игра скоро 2 недели.
– Тимот е во добра форма, но Канте нема да биде подготвен за мечот. Има неколку играчи со мала болка, но ништо сериозно, рече Лампард.
Тренерот очекува многу тежок натпревар, бидејќи е свесен за предностите на противникот.
– Ние добро го познаваме нивниот тим. Тие имаат најопасно напаѓачко трио. Барем тоа го покажуваат бројките. Секако, и Бруно Фернандеш е голема закана, додаде тој.