Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ ќе поднесе Барање за поништување на изборите и оставка од членовите на ДИК.
Повеќе детали најавија за попладнево кога ќе го поднесат барањето.
По изборниот процес, Јанко Бачев истакна дека името на нивната коалиција „Никогаш Северна – само Македонија“ било тргнато од гласачките ливчиња и наместо тоа, останал само редниот број 11. Тие се сомневаат оти името било отстрането по реакција од страна на грчката амбасада непосредно пред почетокот на изборниот ден.
Инаку, до 19 часот и 30 минути вечерва може да се поднесуваат приговори за сумирањето и утврдувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори