Кога би носеле сите маски, вирусот би бил сопрен за 50 дена

Два случаи од фризерски салон во САД го докажаа она што експертите го повторуваат постојано. Имено, две фризерки го прекршиле основното правило за безбедност и дошле на работа и покрај тоа што имаат симптоми. За време на заразата, примиле 139 клиенти.

Знаејќи дека посетата на фризерот вклучува многу физичка блискост, се покажало дека штетата не е голема, благодарение на фактот дека и фризерите и клиентите постојано носеле маски.

Имено, лекарите успеале да ги идентификуваат и контактираат сите 139 клиенти и ги упатиле на самоизолација 14 дена. Ниту еден од нив не развил симптоми. Сите тестирани биле негативни.

Директорот на Центарот за контрола на болести, Роберт Редфилт, го изнесе ова како клучен аргумент за тоа зошто секој треба да носи маски.

„Колку повеќе лица носат маски на јавни места каде е невозможно да се одржи дистанца, толку се позаштитени сите“ апелираше Редфилт, директор на Центарот за контрола и превенција на болести. Тој и двајца негови колеги напишаа труд за случајот.

„Ако би можеле да ги натераме сите луѓе да носат маски, убеден сум дека во следните шест до осум недели ќе ја ставиме епидемијата под контрола“, вели тој.

Проблемот, за жал, е во „ако“, затоа што истражувањата ширум светот покажуваат дека голем број луѓе избегнуваат да носат маски. Некои од нив велат дека тоа е последица на противречните пораки на почетокот на пандемијата, други се жртви на теории на заговор, јавуваат агенциите.

„Анализата на 194 земји низ целиот свет покажува колку се важни маските. Земјите што не ги обврзаа граѓаните да носат маски, имаат многу повисока стапка на смртност до 54 проценти. Во земји каде маската е законска обврска, зголемувањето е осум проценти“, вели Редфилд.

Треба да знаете
Последни објави