Напаѓачот на Милан, Анте Ребиќ ги обвини играчот од средниот ред на Јувентус, Федерико Бернардески и напаѓачот на „Бајаконерите”, Гонзало Игуаин за симулација.
– Постојат двајца Анте Ребиќ: во обичниот живот сум многу мирен, срамежлив и не сакам да се зборува за мене. На теренот се појавува уште еден Анте, кој станува проблем за сите. На натпреварот против Јуве, му кажав нешто на Игуаин. Не ги сакам играчите како него, кои се чини дека се големи и силни, но за време на натпреварот се тркалаат на тревникот три минути кога едвај се допираат. Истото важи и за Бернардески.
Кај нас Ибрахимовиќ постојано прима многу удри, но веднаш станува и не лелека. Останатите постојано плачат, истакна Ребиќ.