Артета гарантира дека има целосна доверба во управувањето со Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета увери дека има целосна доверба во управата на клубот. По победата од 2:1 над Ливерпул во средата, тој објасни дека има сериозна загриженост дека можеби нема да добие доволно пари за нови играчи. Некои медиуми го сметаа ова како навестување дека може да го напушти тимот.

– Јас се разбирам многу добро со Раул Санлехи, Еду и Винај Венкатешам, а имам и директен контакт со сопствениците. Знам што сакаме да направиме. Со тоа сигурно нема проблем, вели Артета.

Сепак, Шпанецот сфаќа дека парите можеби не се доволни за сите негови цели. Четврта година по ред, екипата нема да игра во Лигата на шампионите, во моментов е деветта во Премиер лигата, а кризата со коронавирусот уште повеќе ја влоши финансиската стабилност.

– Постојат многу аспекти на прашањето. Очигледно е дека финансискиот е еден од овие проблеми. Но, зависи од тоа каде ќе завршиме. Не знаеме и каков трансфер пазар не очекува, затоа што досега такво нешто не се случило. Ние исто така зависиме од тоа каква ќе биде иднината на некои фудбалери, посочи тренерот.

Треба да знаете
Последни објави