Жарко Караџовски, членот на Комисијата за заразни болести, во вестите на ТВ21 потврди дека дури по изминати седум дена ќе биде јасно дали предвремените парламентарни избори влијаеле на зголемувањето на бројот на позитивни случаи на ковид-19 и на нови кластери во Македонија.
Ваквиот одговор на членот на Институтот за јавно здравје следува по денешните реакции на јавноста за рекордниот број на новозаболени при тестирањата за коронавирус, а дел од засегнатите сметаат дека придонес за тоа дале и гласањата на 15 јули.
Во последните 24 часа регистрирани се 241 нови случаи, а починати се 8 лица, односно по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.