Пожарот што избувна утрово во катедралата во Нант во западниот дел на Франција, го гаснат 70 пожарникари, соопшти локалната противпожарна служба, јави допписникот на МИА.
Катедралата Свети Петар и Павле во Нант е една од најголемите готски катедрали во Франција. Нејзината изградба започнала во 1434 година и траела 457 години – до 1891 година.
Пожарот избувнал во внатрешноста на готскиот објект и пожарникарите биле повикани набргу по 7.30 часот. Екипа од 70 пожарникари е испратена на местото на пожарот.
„Пожарот се уште не е под контрола”, соопшти пожарникарската служба.
Катедралата Свети Петар и Свети Павле во Нант беше зафатена со оган во 1972 година. Тогаш беше оштетен дел од покривот, а пожарникарите го локализираа пожарот по пет часа.
Таа катедрала е исто така и седиште на епархијата во Нант. Прогласена е за историски споменик во 1862 година.