Официјалните портрети на поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Џорџ Буш помладиот се отстранети минатата недела од големото фоаје на Белата куќа и заменети со портрети на двајца републикански претседатели, кои пред многу време ја водеа државата, јави Си-Ен-Ен.
Според традицијата на Белата куќа, портретите на неодамнешните претседатели треба да бидат изложени на влезот во зградата, така што тие ќе бидат видливи за гостите за време на официјалните настани.
Портретите на Клинтон и Џорџ Буш помладиот се преместени во старата трпезарија, мала просторија што ретко се користи и не ја гледаат многу посетители.
Портретот на Буш е заменет со портрет на 25-от претседател Вилијам Мекинли, а портретот на Клинтон е заменет со Теодор Рузвелт.
Во својата книга, поранешниот советник за национална безбедност, Џон Болтон, пишува дека Трамп ги презира Буш постариот. и Буш помладиот. Според некои извештаи, Трамп го критикувал Бил Клинтон и сметал дека тој бил лош претседател.