Италијанска полиција: Мафијата ќе се обиде да дојде до парите од фондови на ЕУ

Италијанските иследници предупредуваат дека мафијата ќе се обиде да се здобие со стотици милијарди евра од фондот за обновување на ЕУ по пандемијата на коронавирусот.

Во време кога лидерите на ЕУ се собраа во Брисел да разговараат за висината и условите за добивање помош, генерал Џузепе Говернале, кој ја предводи италијанската анти-мафијашка агенција (ДИА), изјави дека мафијашите веќе прават планови за тие ги добијат тие пари.

Тој додаде дека тие планови вклучуваат корупција и злоупотреби на премногу бавната и неефикасна бирократија.

За телевизијата РАИ, Говернале го спореди очекуваниот прилив на финансиска помош по пандемијата на коронавирусот, што имаше уништувачки ефект врз европската економија, со големото закрепнување по Втората светска војна.

– Стотици милијарди (евра) ќе се влеат во Европа и Италија и во овој момент мафијата нема да застане и нема само да гледа. Мафијата ќе се нурне во тоа море (на пари), рече Говернале.

Треба да знаете
Последни објави