Севиља заинтересирана за Геце

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља ќе го потпише играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Марио Геце во најблискиот трансфер прозорец, пренесува „Скај Германија”.

Германецот доби статус на слободен агент и може бесплатно да оди во Андалузискиот клуб.

Оваа сезона 28-годишниот Геце има одиграно 21 натпревар за „милионерите”, постигнувајќи три гола и една асистенција.

Треба да знаете
Последни објави