Од Асоцијацијата на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови (ХОТАМ) за „Сител“ потврдуваат дека три дена по овозможувањето на користењето на ваучерите од 6.000 денари како дел од третиот пакет на економски мерки за справување со економските последици со корона-кризата веќе до нив се пристигнати првите непристојни предлози.
Хотелиерите велат дека ги добиле првите „понуди“ од граѓаните нивните ваучери да бидат заменети со кеш, односно барале од операторите нивна замена за пари наместо да ги користат.
Најмногу оваа појава е застапена кај хотелите од охридско-струшката ривиреа, но од ХОТАМ велат дека тоа се ситни зделки и понуди и хотелите не се заинтересирани за тоа и на граѓаните им порачуваат дека доколку престојот е поскап од ваучерот, може да се доплати за услугата.
Од 15 јули граѓаните кои ги исполнија условите и добија ваучери за туризам ќе може да ги искористат во некој од сместувачките капацитети кои се во проектот. Ваучерите впрочем можат да с екористат од 15 јули до 15 декември годинава.
Со ваучерите кои ги земаа 117.122 граѓани а на кои имаат по 6.000 денари за да се смесат во некои домашни капацитет, Владата очекува да го промовира и да го помогне домашниот туризам. Агенцијата за туризам очекува годинава домашните гости да направат повеќе од два милиона ноќевања.
Откако ќе бидат искористени ваучерите од страна на граѓаните, Министерството за економија ќе им ги исплати средствата на туристичките капацитети за дадените услуги врз основа на доставена месечна фактура и месечен извештај за реализираните ваучери.