Бидејќи граѓаните немаат свест пред каков предизвик е светот во борбата со невидливиот непријатели и си тераат како ништо да не се случува во услови на прогласена пандемија од корнавируаот, држаниот инспекторат најавува дека од вечерва ќе ги затвора локалите кои работат и покрај тоа што немаат дозвола за тоа. Повод за вакавата реакција се сликите и снимките од Струмица кои кружата по социјалните мержи каде викендов се организирале забави во ноќните клубови без маски. Првиот човек на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски не крие дека отсега дирекно ќе ги затвараат локалите кои работат без дозвола, бидејќи не можат да излезат на крај со газдите.
Ноќните клубови сеуште немаат дозвола за работа. Струмичкиот ноќен клуб „Аватар“ од каде се направени снимките и фотографиите не смеел да работи. Од Пазарниот инспекторат велат дека во петокот извршиле контрола во овој клуб и биле регистрирани неправилности, по што направен е записник и ќе биде поднесена кривична пријава.
-Овој локал е регистриран како ноќен клуб, а дозвола за работа на ноќни клубови поради ковид-19 нема. Не можат да работат како кафуле бидејќи немаат таква дозвола. Исто така, соодветна санкција за сопственикот на клубот ќе има и поради тоа што не се почитувале мерките односно присустните не носеле маски, а имало околу 600 гости, соопшти Пауновски.