Поранешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери, може да биде назначен за тренер на Виљареал, пренесува „Ел Периодико Медитеранео”.
Според шпанскиот медиум, клубот веќе имал разговори со 48-годишниот фудбалски стручњак кои започнале уште пред прекинот поради пандемијата на коронавирус.
Договорот на сегашниот тренер на Виљареал, Хавиер Каљехо трае до летото 2021 година.
Емери ги предводеше и Валенсија, Спартак, Севиља и Псж.
По 37 натпревари во шпанската Ла Лига, Виљареал е на 5. место на табелата без шанси за влез во Лигата на шампионите.