Најмалку 12 застрелани во Илиноис, двајца во критична состојба

Најмалку 12 лица се повредени во пукање во градот Пеорија во американската сојузна држава Илиноис, соопштија официјалните лица.

Полицијата наведе дека пукањето се случило наутро, како и дека во моментот на местото на инцидентот биле собрани околу 200 луѓе, пренесува Фокс њуз.

Според портпаролката на полицијата, Ејми Дотсон, биле застрелани 12 лица, од кои две се во критична состојба.

Полицијата не изнесе информации за осомничени за нападот, а истрагата е во тек.

Треба да знаете
Последни објави