До 2 август продолжено е ограничувањето на движење во бегалските кампови и центрите за прием и регистрација на бегалци и мигранти во цела Грција за заштита од ширењето на коронавирусот, согласно одлуката на министрите за цивилна заштита, за здравство и за миграција. Во текот на вчерашниот ден, на Лезбос, во два одвоени случаи, пристигнаа вкупно 58 бегалци и мигранти.
Едниот чамец, со 20 лица, стигнал во северниот дел на островот, а другиот, со 38, во североисточниот дел на Лезбос.
Како што е веќе пракса со бегалците и мигрантите кои пристигнуваат од турското крајбрежје, претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција ги тестираат сите лица, а потоа ги сместуваат во специјален објект- карантин.