Бугарскиот претседател Румен Радев одговори на повиците за политички дијалог што претходно ги упати спикерот на Парламентот Цвета Карајанчева, пренесува агенцијата БГНЕС.
– Тие требаше да водат дијалог со луѓето, кога беше време. Тие стоеја арогантно, не одговарајќи на нивните потреби, сега е доцна за дијалог. Луѓето веќе не го сакаат тоа, изјави Радев за Бугарското национално радио.
На прашањето до кога ќе продолжат протестите тој одговори: „Додека паднат тие кои треба да си заминат”.