Во електрана во иранската централна провинција Исфахан денеска се случи експлозија, во која нема жртви, јави државната агенција Ирна. Директорот на електраната рече дека причина за експлозијата е дефект на трансформаторот.
Тој додаде дека електричната енергија е исклучена два часа по инцидентот.
Од крајот на јуни имаше неколку експлозии и пожари во воени, нуклеарни и индустриски објекти во Иран, а некои официјални претставници навестија дека постои можност за саботажа.