Јувентус може да се раздели со напаѓачот Даглас Коста. Бразилецот е трансфер цел на селекторот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола, а Британците се подготвени да се влезат во трка за играчот.
Договорот се проценува на 40-50 милиони евра, земајќи ги предвид бонусите, пренесува „Тутоспорт”.
Средствата што би ги добил Јувентус планира да ги потроши за купување напаѓач – Раул Хименез од Вулверхемптон или Аркадиуш Милик од Наполи.