Академија Пандев ја прифати понудата на Шкендија за Дориев

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев ја прифати понудата на Шкендија да го ослободат својот играч Љупче Дориев да се пресели во тетовскиот тим.

Дориев беше еден од најдобрите поединци во тимот и миленик на струмичката публика. Од клубот велат дека тој посакал промена на средината.

– Желбата за промена и нови предизвици кај фудбалерот, беа клучен фактор за реализација на трансферот, а ние како клуб му посакуваме многу успеси во понатамошната кариера. Љупче ти благодариме за се што направи за нашиот клуб, соопштија од Академија Пандев.

Треба да знаете
Последни објави