Прекинато е производството во фабрика за преработка на месо во западниот регион Темиш во Романија, откако се регистрирани 56 работници заразени со вирусот Ковид-19, пренесува агенцијата Агерпрес. Досега, вкупно 93 позитивни случаи на вирусот се регистрирани во таа фабрика.
Како што е наведено, производството ќе продолжи по темелно санирање на производниот погон и дезинфекција, како и по повторното тестирање на вработените, кои имале негативни тестови.
Во тек е епидемиолошка истрага, а на местото на настанот се експерти од Управата за јавно здравје.
Заразените од фабриката се во домашна изолација затоа што покажале поблаги симптоми.