Рано утрово во 2,50 часот лице со иницијали М.Р. (23 г.) во близинана на казино во Градскиот трговски центар во Кочани било пронајдено во бесознание. Лицето било во алкохолизирана состојба и веднаш со возило на итната медицинска помош е пренесено во Општата болница во Кочани каде му е укажана лекарска помош.
Полициските службеници од Кочани кои биле известени за настанот и излегле на терен преземаат мерки за расчистување на случајот.