Велика Британија потпиша договори за обезбедување 90 милиони дози на две потенцијални вакцини против Ковид-19, произведени од „Фајзер” и „БиоНТех”, како и француската група Валнева.
Финансиските детали за договорите не се објавени.
– Новото партнерство со некои од водечките светски фармацевтски компании ќе и овозможи на Велика Британија најдобра можност да обезбеди вакцина која ќе ги заштити оние кои се најмногу изложени на ризик од коронавирус, изјави министерот Алок Шарма.