Во Соединетите Американски Држави (САД), бројот на смртни случаи од коронавирус надмина 140.000, а во 42 од 50 земји, бројот на новозаболени рапидно расте во последните две недели, пренесува Ројтерс.
Според анализата на таа агенција, од крајот на јуни има големо зголемување на бројот на нови случаи, а бројот на починати постојано расте.
Наведено е дека околу пет илјади луѓе умираат во САД секоја недела од коронавирусот.
За само една недела во САД се регистрирани 5,6 илјади смртни случаи.