Египетскиот Парламент денеска даде зелено светло за евентуално разместување на египетска војска надвор од нејзините граници, откако претседателот Абдел Фатах ал Сиси минатата недела зборуваше за потенцијални воени операции во соседна Либија.
Парламентот едногласно одобри „распоредување на членови на египетските вооружени сили во борбени мисии надвор од границите на Египет заради заштитата на националната безбедност на земјата … против криминални вооружени милиции и странски терористички елементи”, се наведива во соопштението на египетскиот Законодавен дом.