Мичурин по неколку децении доби нов урбан парк, сместен во срцето на оваа населба.
Паркот се протега на површина од 3 573 м2 и е проектиран според сите стандарди.
„Мичуринци добија урбано место за рекреација за сите генерации“, изјави градоначалникот Златко Марин.
Покрај зелените површини паркот има детско игралиште, пешачки патеки со клупи, комбинирано спортско игралиште за рекреација со современа подлога, место за друштвени игри за младите и возрасните, како и вело-сервис и паркиралиште за велосипеди.