Од вечерва пломба на локалите кои нема да почитуваат протоколи за работа

Од вечер ќе се пломбираат сите угостителски објекти во кој не се почитуваат протоколите за работа, пренесе Локално.мк.

Ваквата одлука е донесена откако викендов низ целата држава се организираа ноќни забави без да се почитува растојание и да се носи маска. Целосна забрана за работа, како и  јавно да се објават нивните имиња од Пазарниот инспекторат побараа и од Независната угостителска комора, реагирајки дека на овој начин поединици ја загрозуваат целата угостителска индустрија. Викендов социјалните мрежи беа преплавени со видео клипови од полни кафулиња и свадбари без маски.

Од Државниот пазарен инспекторат соопштиле дека освен струмичкиот клуб „Аватар“ чии видеа од ноќните забави се споделуваа по социјалните мрежи, и клуб во Виница во кој влегле инспекторите, нема други локали каде на лице место биле затекнати гости надвор од протоколите за работа.

„Кривичните пријави за два ноќни клуба, еден во Виница и еден во Струмица се спремни, а ќе бидат пуштени во рок од три дена“, изјавил директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Треба да знаете
Последни објави