Екипата на Манчестер Сити е подготвена да направи изненадувачки обид да потпише со Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите во Чиле. 31-годишниот напаѓач се очекуваше да му се придружи на тимот на Пеп Гвардиола во јануари 2018 година, но тогаш „црвените ѓаволи” ги престигнаа своите градски ривали и направија договор со Арсенал.
Сепак, Санчез не успеа да ги покаже своите квалитети на „Олд Трафорд” и постигна само пет гола на 45 одиграни натпревари за екипата. Пред почетокот на оваа сезона, Јунајтед го испрати на позајмица во Интер. За двата тима се вели дека преговараат за постојан трансфер на 31-годишниот Санчез, но „нероазурите” не се подготвени да му плаќаат 400.000 фунти неделно.
Сепак, чилеанскиот весник „Ла Куарта” пренесува дека Сити контактирал со претставниците на Санчез за да открие што барал напаѓачот за време на разговорите со Интер. Во извештајот се тврди дека Јунајтед бара 17 милиони фунти да се разделат со Санчез.
Во меѓувреме, Интер сака да го продолжи заемот на Санчез по втор пат, така што тој ќе биде достапен за натпреварите во Лигата на Европа следниот месец.
По рестартирањето на Серија „А” во јуни, Санчез има два гола и седум асистенции на 10 настапи за Интер.