На 19.07.2020 во 16.50 часот во Полициската станица Џепиште било пријавено дека во селото се слушнале неколку истрели од огнено оружје, по што полициски службеници излегле на местото на настанот.
При тоа констатирале дека во куќа, сопственост на Е.Е.(48) од Џепиште, при семејна веселба, Џ.И.(62) од село Октиси испукал неколку куршуми од пиштол „Застава М-57“ кал. 7,62мм, за кој што поседувал дозвола.
Џ.И. бил приведен во Полициска станица Дебар за понатамошна постапка, а пиштолот му бил одземен.