Интересни стихови, наводно од матурскиот алманах на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес се споделуваат на социјалните мрежи, заедно со негова фотографија од средношколските денови.
Нема информација дали навистина стиховите се автентични, односно истите навистина била напишани во алманахот, или пак се работи за мајтап, но објавата предизвика низа на интересни коментари и реакции.
-Другарите го викаа бате,
Иако беше син на тате,
Сакаше да биде шпиц,
Не знаеше да каже виц.
Му одеше и со бројки,
Знаеше да фрла и тројки,
Му фалеше еден глас
За претседател на клас.
Суштината му беше хит,
Ги слушаше Бронски Бит,
Глумеше фраер на Влае,
Ама таму никој не го знае – се стиховите објавени покрај фотографијата на Мицкоски.