Фудбалерот од средниот ред на новиот англиски првак Ливерпул, Адам Лалана е близу до трансфер во друг клуб, пренесува „The Sun”.
Според британскиот весник, за 32-годишниот Англичанец се заинтересирани Евертон, Брајтон, Барнли и Лестер. Фудбалерот ќе го напушти Ливерпул на крајот на сезоната.
Оваа сезона Лалана одигра 22 натпревари на сите натпреварувања, постигна еден гол и оствари една асистенција.