Ајкула нападнала 15-годишно момче, таткото скокнал во водата и го спасил синот

Ајкула нападнала 15-годишно момче кое се здобило со повреди на главата и градите. Ајкулата го повлекла од чамецот на северозападот од брегот на Тасманија.

Момчето било со својот татко и уште две лица на риболов кога ајкулата скокнала од водата и го зграпчила од чамецот долг шест метри, соопштија од Итната служба на Тасманија.

Таткото веднаш скокнал во водата, по што ајкулата го испуштила момчето, а потоа и побегнала.

Детето во моментот на нападот на себе имало заштитен елек и се здобило со повреди на рацете, градите и главата, но се наоѓа во стабилна состојба.

Ова е последниот во низата на напади на ајкули во близина на брегот на Австралија. Претходниот се случи во вторникот кога 29-годишна девојка била нападната од ајкула додека пливала недалеку од Кернс. За среќа преживеала и моментално се опоравува во болница.

 

Треба да знаете
Последни објави