Поранешната девојка на Ди Каприо е осудена на девет месеци општествено корисна работа, додека нејзината мајка Ципи мора да биде зад решетки
Израелската супермоделка, ТВ-презентерка и актерка Бар Рафаели (35) и нејзината мајка и модна агентка Ципи Левин (65) се осудени поради затајување данок во родниот Израел, а убавата манекенка се појави на суд со бела заштитна маска на лице.
Израелскиот суд ја осуди Бар Рафаели по четири точки на кривичното дело затајување данок, а сето тоа го наруши угледот на поранешната национална икона и амбасадорка на оваа земја.
Рафаели влезе во судот во Тел Авив со бела маска на лицето што одговараше на нејзината бела блуза, додека носеше светлосини фармерки, а косата и беше врзана во пунџа.
По неа влегле таткото Рафи, мајката Ципи и адвокатите. Рафаели (35) и нејзината мајка признале за кривичните дела избегнување данок на приход од околу 10 милиони долари, што ги заработила додека работела како моделка во САД.
Ќерката и мајката потпишале спогодба со обвинителството поради затајување данок, врз основа на која ја прифатила вината со цел да избегне затвор, но нејзината мајка не можела да го заобиколи затворот.
Според договорот за признавање вина, Рафаели ќе издржува казна од девет месеци општествено корисна работа, додека нејзината мајка Ципи е осудена на 16 месеци затвор.
Исто така треба да платат казна од 1,5 милион американски долари заостанат данок на државата.
Обвинителите велат дека убавицата криела десетици милиони долари заработка од израелската даночна администрација во текот на три години, од 2009 до 2012 година кога таа живеела на релација САД-Израел и во време кога била во сериозна врска со холивудскиот актер Леонардо ди Каприо (45).