Во Иран е погубен маж осомничен дека им давал информации на САД и Израел за генералот на револуционерната гарда, кој беше ликвидиран во напад од американски дрон, на почетокот од годинава.
Според иранските медиуми, без многу објаснувања, Махмуд Мусави бил убиен поради наводни сознанија дека бил поврзан со разузнавачките агенции ЦИА и Мосад и дека пренесувал безбедносни информации за единиците предводени од убиениот Касем Сулејмани, пренесува АП.
Сулејмани беше убиен во јануари годинава во напад на американските сили, што предизвика остри тензии меѓу двете држави.