Единствено носењето на маска од страна на сите може да помогне во стопирање на кризата со коронавирус, а целосен карантин не доаѓа во предвид, но ноќен полициски час мора да се воведе, поради неоговорноста на младите, вели во интервју за ТВ 24 епидемиологот, Драган Даниловски.
– Што се однесува до новите позитивни, јас очекувам ваквиот тренд во деновите што следат да се задржи, па дури бројката да стане и повисока. Вие знаете дека пред неколку денови се одржаа изборите, кои се епидемиолошки важен настан. Сигурно ќе има последици од изборите, можеби не толку од самиот процес на гласање, колку од славењето кое се случуваше по изборите.Карантин по примерот на Дебар јас не би воведувал. Граѓаните се веќе уморни од такви мерки. Има полесен начин. Но, мене нешто друго ме загрижува, а тоа се сликите и видеата кои се споделуваат изминатите два дена од некој клуб во Струмица. Па, ви се молам, можно ли е да сме ние толку неодговорни. Тоа не смее да се случува, тоа е едноставно недозволиво во услови на пандемија, вели тој.
Даниловски ги повика и градоначалниците да преку своите општини воведат редари кои ќе се грижат за контрола врз придржување на мерките.