Професорот Јове Кекеновски денеска во Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против Државната изборна комисија и нејзините членови.
-Како носител на листа во ИЕ бр 2 од Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” во име на Коалицијата и во мое лично име, денеска во 10,45 часот ке поднесам кривична пријава против Претседателот и членовите на ДИК за повреда на член 178 од Изборниот законик, а во врска со сторени кривични дела според одредбите од Кривичниот законик, изјави Кекеновски.
ДИК вчера на седница ги отфрли сите приговори поднесени во врска со изборите.