Водачот на Северна Кореја Ким Џонг-ун ги отпушти менаџерите кои работеле на изградба на општа болница во Пјонгјанг. Тие, наводно, барале донации од граѓаните, објавија севернокорејските медиуми.
Ким нареди дека Општата болница мора да биде завршена до октомври, кога се одбележува 75-годишнината од основањето на владејачката Работничка партија, и истакна дека подобрувањето на јавното здравство е на врвот на списокот, пренесува „Ројтерс“.
Сепак, при последната посета на градилиштето, тој отпушти група менаџери и ја свика Комисијата за градежништво, затоа што не беше обезбеден соодветен буџет, но и затоа што тие барале од граѓаните да помогнат во обезбедувањето опрема и материјали.
„Тој остро им замери што ги оптоваруваат граѓаните охрабрувајќи ги да дадат секаков вид на помош“, објави КЦНА, наведувајќи дека инцидентот е сериозно отстапување од партиската политика.
Агенцијата објавила и фотографии на кои се гледа како Ким разговарала со официјални лица со лут израз на лицето. Во исто време, Ким и нареди на партијата да ја испита улогата на Комисијата за координација во настанот и да ги замени сите одговорни менаџери.