Македонскиот репрезентативе, кошаркарот Марко Симоновски е ново засилување на Кожуф.
Раководството на гевгелискиот клуб и кошаркарот постигнаа договор, тој по три години минати во МЗТ Скопје се сели во тимот предводен од Александар Јончевски.
Симоновски поради повреда беше надвор од играчки ритам, прва шанса да заигра доби од селекторт, Александар Тодоров во националниот дрес и покрај тоа што имаше долга пауза.
Репрезентативецот има настапувано за Работнички, Фени Индустри, Куманово и Аркадиа.